Се појави надеж: Дали Емилијано Сала е жив? Четири сценарија на полицијата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Истрагата е продолжена и утринава, ова се најновите информации од Англија.

Вчера целиот фудбалски свет беше потресен од вестта за авионската несреќа на авионот во кој се наоѓаше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој исчезна над Ламанш, за време на неговиот лет од Нант кон Кардиф.

Аргентинецот договори соработка со велшкиот премиерлигаш, се поздрави со своите пријатели и соиграчи од редовите на „Канаринците“ и тргна на пат кон Велс, но за време на неговиот лет неговиот авион исчезна од радарот.

Вчера се одвиваше интензивна потрага, никакви траги не се пронајдени, а после пауза поради немање на услови за продолжување на истрагата, утрово властите во Англија повторно почнаа да го бараат исчезнатиот авион.

Полицијата во Англија има четири теории за тоа што би можело да се случи.
– Авионот некаде слетал но не успеваат да воспостават контакт со светот.
-Авионот слетал на вода, а Сала и останатите ги има собрано брод кој има поминувано таму.
– Авионот се распаднал во морето.
– Сала и екипажот после паѓањето во авионот успеале да се качат на чамец за спасување.
Последната опција е приоритет за англиската полиција.

„Приоритет на нашата потрага е опцијата со чамецот за спасување“- стои во соопштението за полицијата.

Значи, надеж постои и се надеваме дека теоријата е точна и дека Сала со екипажот успеале да се качат на чамецот за спасување.

Потрагата трае, се надеваме на добри вести.