Поранешната девојка на Сала со обвинувања: Несреќа? Истражете ја мафијата…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Авионот во понеделник вечерта се движел од Нант во Кардиф, каде што Емилијано Сала летал за да се приклучи на тимот за кој потпиша минатата недела за 17 милиони евра, но се загубил од радарот.

Неколку хеликоптери и бродови цела ноќ и ден ги бараат Сала и пилотот, но засега не ги пронајдоа. Полицијата потврди дека се најдени голем дел предмети, а според англиските новинари станува збор за авионот на претседателот на Кардиф.

Веста за трагичното случување погоди многумина, како и неговата поранешна девојка Берениче Шкер, која преку Твитер имаше тешки обвинувања.

„Истражете ја фудбалската мафија, зашто не верувам дека ова беше несреќа“, порача поранешната девојка на Сала.