Ништо од враќањето во Англија: Кутињо ќе добие уште една шанса во Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Филипе Кутињо пристигна во Барселона пред една година како големо засилување за 130 милиони евра, но по 12 месеци не се прилагоди најдобро на „Камп ноу“.

Претходните денови се појавија шпекулации дека Кутињо можел да ја напушти барселон и да се врати во Англија, каде што се поврзуваше со трансфер во Челси и Манчестер јунајтед.

Меѓутоа, такво нешто нема да се случи. Управата на Барселона на крајот реши да не го продава 26-годишниот фудбалер и тренерот Ернесто Валверде сака да му даде уште една шанса.

Доколку Кутињо ја искористи, тогаш ќе остане во клубот, но доколку повторно не успее да ги оправда очекувањата, тогаш ќе мора да замине од Каталонија.