„Искрено, нема надеж, зашто никој не останува жив во вакви услови толку долго!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот Емилијано Сала најверојатно е мртов, барем колку што може да се заклучи по зборовите на предводникот на потрагата по фудбалерот, Џон Фицгералд.

Сала исчезна со авионот во кој патуваше некаде меѓу Франција и Англија, а сите се прашуваат дали останал жив, иако многумина сметаат дека е мртов.

„Тажно е, но искрено, нема надеж дека е жив. Во оваа доба од годината и овие временски услови никој не може да остане жив во вода. Дури и тие најподготвените личности“, кажа Фицгералд.

Во моментов во потрагата се вклучени пет хеликоптери и неколку бродови, па останува да видиме што ќе се случи.