Официјално: Балотели потпиша со Марсеј


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Марсеј го комплетираа трансферот на италијанскиот напаѓач кој досега ги бранеше боите на Ница, Марио Балотели.

28 годишниот контроверзен фудбалер потпиша договор со тимот од „Велодром“ со времетраење од половина година со можност истиот да биде продолжен.

„Со нетрпение очекувам да заиграм за Марсеј кој е голем клуб, а фановите имаат голема пасија.  Се надевав дека ќе пристигнам овде. Не можам да дочекам да го постигнам мојот прв гол во новиот тим, но најважно нешто е тимот. Мојата цел е да постигнам многу голови и да асистирам на моите соиграчи“- коментираше Балотели на промоцијата во новиот клуб.