Официјално: Барселона ја доби битката за најбараниот играч од средниот ред


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Барселона штотуку го потврдија трансферот на играчот на Ајакс, Френки Де Јонг.

Младиот фудбалер од средниот ред за кого сериозен интерес имаше од Манчестер Сити и ПСЖ ќе се приклучи на Каталонците од 1 јули наредната година.

Френки Де Јонг потпиша петгодишен договор со Барселона кој ќе го задржи на „Камп Ноу“ до 2024 година, а Каталонците на Ајакс ќе му исплатат сума од 75 милиони евра плус дополнителни 11 милиони евра во вид на бонуси.