„Новиот Пирло“ пред вратите на Рим: Талентиран Италијанец се сели во Рома


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека траат шпекулациите за заминувањето на спортскиот директор, Мончи, во Арсенал, Шпанецот продолжи да работи под полна пареа на „Олимпико“.

„СпортИталија“ пишува дека Рома е фаворит за потписот на „новиот Пирло“ од Бреша, Сандро Тонали.

Младиот Италијанецот потсетува на легендарниот Андреа Пирло, па привлече голем интерес од Интер, Јувентус, Арсенал, Челси…

Меѓутоа, добрата соработка меѓу Рома и Бреша би можела да биде важна во обезбедувањето на потписот на 18-годишниот фудбалер.