Њукасл сериозно размислува да го донесе фудбалерот на Атлетико Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Њукасл Јунајтед се распрашувале за фудбалерот на Атлетико Мадрид, Желсон Мартинс.

Португалскиот интернационалец не се снајде на „Ванда Метрополитано“ па веројатно ќе си замине во јануарскиот преоден рок, но само како позајмен фудбалер.

Рафаел Бенитез посакува тројца фудбалери за овој јануарски преоден рок и тоа еден лев бек, класичен напаѓач како и крилен фудбалер.

Се чини дека решението за крилната позиција е токму Желсон Мартинс за кого интерес имаше и од редовите на Арсенал.