Каталонците не застауваат: Барселона тргна да ја придобива ѕвездата на Манчестер Сити?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Барселона би можела да донесе уште едно засилување фо крајот на преодниот рок.

Како што наведуваат англиските медиуми, каталонскиот великан размислува за понудата за дефанзивецот на Манчестер Сити, Николас Отаменди, и тој би можел да се пресели на „Камп Ноу“ до крајот на јануарскиот преоден рок.

Искусниот аргентински фудбалер не е во прв план кај менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола. Емерик Лапорте и Џон Стоунс се пред него и лесно би можело да се случи, Отаменди да го напушти „Итхад“.

Тренерот на Барселона, Ернесто Ваверде сериозно загриза за 30-годишниот Аргентинец, а за неговите услуги подготвени се да издвојат 40 милиони евра.

Оваа сезона, Отаменди одигра само десет натпревари за Сити.

Барселона во текот на јануари донесе двајца фудбалер. Членови на тимот од „Камп Ноу“ станаа Кевин Боатенг и Мурилјо. Двајцата пристигнаа на позајмица и дресот на каталонскиот клуб ќе го носат до крајот на сезоната.

Исто така, Барселона веќе заврши и еден трансфер за на лето. Од Ајакс го донесоа талентираниот играч за врска Френки де Јонг, а на тимот од Амстердам им беа инкасирани 75 милиони евра.

Де Јонг беше мета на многу европски великани, и беше на чекор од преминување во ПСЖ. Сепак, на крајот Холанѓанецот се предомисли по разговорот со челниците на Барселона и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на каталонскиот клуб.

Де Јонг со Барселона потпиша соработка до летото 224. година.