Се е готово: Договорот е постигнат, Перишиќ се сели во Арсенал познати се и бројките?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега е веќе сосема извесно, Иван Перишиќ заминува од Интер.

Хрватот е незадоволен и сака да замине од „Џузепе Меаца“, тоа го потврди и директорот на „Нероаѕурите“, Бепе Марота откако се појави информацијата дека Арсенал сака да го види во своите редови.

Би-Би-Си јавува дека Италијанците сакаат да го продадат по цена помеѓу 35 и 40 милиони и тоа веќе во овој преоден рок, и дека „Топчиите“ веќе постигнале спогодба со репрезентативецот на Хрватска.

Перишиќ во првата полусезона би земал 50 илјади фунти нето, но неговата плата би пораснала за 110 илјади неделно до следното лето.

Интер ја одби првата понуда на Англичаните прво да го позајмат до крајот на сезоната, а потоа и да го откупат ако сакаат. Екипата од Милано сака сигурен профит, а Арсенал е блиску до одлуката да ги прифати условите.

Се чека уште само договор помеѓу клубовите кои се чини никогаш не бил поблиску.