Белгазпромбанк – Вардар поразен во финалето од Брест Мешков


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во финалето на Белгазпромбанк турнирот кој се одржува во Брест беше поразен во финалето од Мешков Брест со 29:26.

Во првото полувреме вардарци постигнаа само 9 погодоци и на полувреме заминаа со негоатива од 5 погодоци, 14:9. Белоруските ракометари во второто полувреме одиграа само да го задржат резултатот и во тоа успеаа и славеа со 29:26 и го освоија Белгазпромбанк турнирот.

Атман и Стојковиќ со 6 погодоци беа најефикасни во Мешков Брест. Кај Вардар, Канељас со 7 погодоци беше најефикасен, Борозан и Дујшебаев додадоја по 5 погодоци.