„Романтичарите“ со големи амбиции: Работнички го ангажираше Стојан Стојчевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најново засилување на Работнички оваа зима е Стојан Стојчевски, кој се воедно и седми нов фудбалер на „романтичарите“ во зимскиот преоден рок.

Стојчевски ќе остане во Работнички до јуни 2020 година, па така ќе внесе дополнителен квалитет во одбраната на тимот, а доаѓа од екипата на Академија Пандев.

Овој дефанзивец во кариерата има настапувано за голем број клубови, меѓу кои и во Вардар, Хоризонт Турново, Тетекс, Силекс…

Работнички со ова докажа дека има големи амбиции во следниот период, односно ќе се обидат во вториот дел од сезоната да обезбедат пласман во квалификациите за Лигата на Европа.