30 разлика и злато за Америка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Очекувавме неизвесност во борбата за златото, но ништо од тоа, Американците го држеа темпото од почетокот на турнирот и во својот осми дуел завршија со победа.

96 – 66 беше резултатот на финалниот натпревар во Рио, нашите соседи од север се враќаат со сребрени медали околу вратот а златото повторно оди во Америка.

Србите се држеа одлично во првите 10 минути, но потоа како да не беше истата Србија од првата четвртина, само во вториот дел примаа 33 погодоци, недостижни беа Американците.

Уште на полувремето кога 52:29 беше резултатот во полза на САД се знаеше кој ќе си оди со златото од Рио.

Дурант беше најдобар со 30 поени што е и олимписки рекорд. Кај србите најуспешен беше Недовиќ со 13 поени.