Гумерсбах му го „украде“ Ивиќ на Вардар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар требаше да го ангажира голманот на Кјелце, Филип Ивиќ, сепак прогнозите на полските медуми не се исполнија.

Вардар и Загреб се бореа за потписот на Ивиќ, кој реши да се пресели во Бундеслигата наредното лето, каде што ќе потпише двегодишен договор со Гумерсбах.

Ивиќ трета сезона брани во полскиот шампион, но немаше шанса каква што посакува бидејќи имаше голема конкуренција од Шмал, а сега и од Цупара.