ПСЖ подготвува нова „измама“: Ќе успее ли повторно да помине кај УЕФА?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шоја Накаџима со трансферот во Ал Духаил, кој изнесува 35 милиони евра, стана најскапиот фудбалер во историјата на јапонскиот фудбал.

Продажбата на јапонскиот крилен напаѓач го направи Портимоненсе првиот клуб по Порто, Бенфика и Спортинг, кои имале трансфер поголем од 30 милиони евра.

Досегашниот рекорд го држеше Хидетоши Наката, чиј трансфер од Рома во Парма изнесуваше 28,5 милиони евра.

Накаџима поголем дел од кариерата го помина по јапонските екипи, а во Португалија стигна во 2017 година, прво на позајмица, а потоа беше трајно откупен во 2018 година. Во 47 натпревари постигна дури 15 голови и 19 асистенции.

Јапонските медиуми пишуваат дека Накаџима нема долго да остане во Ал Духаил, а причина е тоа што сопствениците на клубот се и газди на ПСЖ.

Според нивните информации, Ал Духаил ќе го препродаде фудбалерот на ПСЖ по ефтина цена, зашто ПСЖ може да добие санцкии поради кршење на финансискиот фер-плеј.