Што се случува кога ќе го навредите Коларов: Србинот ги пакува куферите, „Римската волчица“ остана со поткусени ракави…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Приказните за Интер немаат подлога, иако вчера некои медиуми тоа го пренесоа, но револтираниот Коларов би можел да ја напушти Серија А и да ја заокружи фантастичната кариера.

По се, не би било чудно ако Александар Коларов ја напушти Рома.

Навреди од навивачите не сака да трпи, пред се затоа што дава се од себе, игра и повреден, од враќањето во градот по седум години во Сити, тој се покажа како еден од ретките полни погодоци на Мончи.

Клубот и соблекувалната му пружија поддршка, но капитенот на Србија не е задоволен со фактот дека навивачите не ја почитуваат неговата посветеност.

Тој се врати од Сити и покрај противењето на Гвардиола бидејќи веќе не можеше да го издржи живтот во Англија, се откажа од поголемите примања, за повторно да заигра во Италија.

Вчера му пружи поддршка и капитенот Де Роси, меѓутоа Коларов сега не сака да го продолжи договорот со Рома кој важи до 2020. година, додека „Волчицата“ со сите сили сака да го задржи.

Се појави Атлетико Мадрид кој би го сакал во своите редови, бараат нов лев бек, заминува Луис Фелипе, и со оглед на сознанијата, капитенот на Србија навистина размислува за заминување.

Коларов има 33 години, игра на врвно ниво, се споменува и Интер, но тој сака да ја напушти Италија и да се обиде во Примера. Интересно е што Атлетико го сакаше Коларов и на почетокот на оваа деценија кога замина во редовите на Сити.