Му истече рокот на Левандовски: Баерн ангажираше напаѓач од ХСВ (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен е свесен дека Роберт Левандовски нема вечно да го преводи нивниот напад, па поради тоа реши да му ангажира замена, која пристигнува од ХСВ.

Станува збор за 19-годишниот напаѓач Јан-Фет Арп, а тимот од Хамбург ќе добие три милиони евра за потписот на фудбалерот.

Арп е една од најголемите надежи на германскиот фудбал, а имаше и претходно понуда од Баварците, но реши да остане во ХСВ.

Арп на крајот на летото ќе реши дали ќе му се приклучи на Баерн тогаш или ќе почека до 2020 година.

Талентираниот напаѓач сезонава одигра 14 натпревари за ХСВ, а постигна само еден погодок.