Клиперс ангажираше Хрват и го избрка Теодосиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ доби отказ од Лос Анџелес Клиперс по трејдот во кој во Калифорнија пристигнаа Ивица Зубац и Мајкл Бизли, а во Лејкерс замина Мајк Мускала.

Според правилата на НБА-лигата, Теодосиќ ќе почека 48 часа, па потоа ќе биде целосно слободен агент. Кошаркарските експерти велат дека ова не е отказ во класична смисла, зашто планот на Клиперс е да го „откупат“ договорот до недела и така да стане слободен кошаркар.

Во тој период може било кој тим да го побара, но во моментов не е јасно дали некој е заинтересиран за трејд на 31-годишниот кошаркар.

Претходно се споменуваше дека ќе се пресели во Анадолу Ефес, а тоа го потврди и тренерот на турскиот тим Ергин Атаман, но на на крајот ништо не се случи.