Нант со господски потег во чест на Емилијано Сала (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на француски Нант реши од употреба да го повлече дресот со број девет, кој во претходните четири години го носеше Емилијано Сала.

Сала за Нант одигра 133 натпревари и постигна 48 голови, а последниот погодок го постигна против Олимпик Марсеј на петти декември 2018 година.

Аргентинецот почина во падот на авионот на 21 јануари при летото од Нант кон Кардиф, каде што требаше да ја продолжи кариерата.

Неговата трагична судбина тешко им падна на сите, а најмногу на екипата на Нант, кој во претходните години донесе многу радост, па поради тоа беше повлечен дресот со неговиот број.