Оклахома го совлада Хјустон, Клиперси го шокираа Бостон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хјустон и Оклахома одиграа навистина интересен дуел ноќеска во НБА-лигата, а на крајот гостите славеа со 117-112, иако домаќините тргнаа одлично во мечот и по првото полувреме имаа предност од 70-48.

Оклахома заигра многу подобро во третата четвртина во мечот, откако претходно постојано губеше, па ја стигна предноста на Хјустон и така во последната четвртина влегоа со резултат 90-90. Таму подобар беше тимот на Оклахома, кој стигна до голема победа од 117-112.

Гостите до триумф ги предводеше Пол Џорџ со 45 поени, а Расел Вестбрук постигна 21. Кај Хјустон најефикасен беше Џејмс Харден со 42 поени, а Крис Пол постигна 18.

Од останатите натпревари може да се спомене и големото изненадување и победа на Лос Анџелес клиперс против Бостон со 123-112, каде што Бостон тргна одлично и по првата четвртина имаше предност од 23 поени, но потоа се случпи голем пресврт.

Останати резултати:

Милвоки – Орландо 83-103
Мемфис – Њу Орлеанс 125-134
Њујорк – Торонто 99-104
Атланта – Шарлот 120-129
Индијана – Кливленд 105-90
Јута – Сан Антонио 125-105