Тенисер збесна во Софија, па почна да шутира околу себе и да крши рекет! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На АТП-турнирот во Софија гледачите покрај добар тенис имаа шанса да видат и други потези, кои не ги воодушевија присутните на трибините.

Словакот Мартин Клижан играше против Данил Медведев, кој победи со 6-4 и 6-1.

Клижан е познат како тенисер, кој брзо се нервира, а тоа го покажа и во Софија, кога на почетокот на вториот сет се налути поради судиска одлука.

Словакот мислеше дека топчето двапати удрило на противничката половина, а потоа Русинот стигнал до него.