Гасол побара раскин на договорот со Сан Антонио!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот центар Пол Гасол побарал од управата на Сан Антонио дозвола да го откупи својот договор и да стане слободен кошаркар за да може да засили некој од НБА-тимовите, кои ќе се борат за највисок пласман во плејофот.

Гасол ја игра најлошата сезона во НБА-кариерата по неговото пристигнување, а пропушти дури 26 меча во досегашниот дек поради скршеница на коска на десното стапало.

Сепак, по враќањето на паркетот не добива многу шанса во тимот на Грег Попович, па во просек од стартот на сезоната на 26 меча постигнуваше по 4,4 поени и 3,9 скокови.

Рокот за потпишување на договори со слободни кошаркари е први март и тоа сака да го искористи Гасол.