Пјаниќ: Не очекувавме дека Сасуоло ќе ни направи толку проблеми


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на гости славеа против тимот на Сасуоло, но Старата дама имаше доста проблеми против незгодниот домаќин.

Сепак на крајот успеаа некако да го скршат отпорот и да слават со 3-0.

После натпреварот изјава даде Пјаниќ кој беше асистент на вториот гол на Роналдо. Тој заклучи дена не е баш задоволен од играта на својот тим. Тој кажа дека Сасуоло им задал многу проблеми што се однесува на играта и дека не очекувале ваков натпревар.

„Игравме против екипа која игра многу добро и ни задаваа повеќе проблеми отколку што очекувавме. Ни беше тешко во одредени моменти да дојдеме до нашата игра, но кога го дадовме вториот гол веќе се сменија работите“, изјави Пјаниќ.