Агуеро е единствениот кој го натера Гвардиола да клекне на колена… (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити вчера на домашен терен го декласираше Челси со неверојатни 6:0.

Одличен меч одигра аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро кој постигна уште еден хет-трик, но пред тоа да се случи опасно се избламира. Сити рано дојде до предност со погодокот на Агуеро, а потоа следеше блам на Аргентинецот.

Во осмата минута Сити можеше да ја зголеми предноста кога Агуеро од два метри промаши празен гол. Аргентинецот не можеше да поверува дека не беше прецизен, а во шок беше и тренерот Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег ретко толку покажува емоции, но овојпат едноставно не можеше да се воздржи, па дури и падна на колена бидејќи не можеше да поверува дека тоа не беше гол.