Роналдо направи потег кој го поздрави сиот свет: Португалецот со неверојатна прослава на погодокот (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалецот во победата против Сасуоло беше прецизен по 18. пат, но овој погодок го прослави на посебен начин.

Имено, Роналдо направи Дибала маска, која е заштитен знак на Дибала кога ќе постигне погодок. Аргентинецот оваа сезона не брилјира, и очигледно има големи проблеми во односите со Алегри.

Роналдо на овој начин му пружи поддршка на соиграчот кој минува низ тешки денови и дефинитивно ги освои симпатиите на јавноста.

И некогашниот дефанзивец на италијанската репрезентација, Алесандро Костакурта го пофали овој потег.

„Навистина прекрасен потег. Роналдо е шампион, не само со топката в нозе“.

Јувентус е лидер во Серија А и во однос на второпласираниот Наполи има предност од 11 бодови.