Официјално: Пол Сколс заплови во тренерските води (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс и официјално е тренер на Олдам од англиската Лига 2, а договор потпишал на година ипол.

Англиската фудбалска асоцијација му даде дозвола на Сколс, зашто фудбалерот имаше дел во сопствеништвото над Салфорд сити, клуб кој се натпреварува во Националната лига.

Олдам во моментов е 14. на табелата со девет поени зад позиција која води во плејофот и 14 повеќе од таа која носи во понизок ранг.

Иако ова му е прва тренерска работа, Сколс претходно беше во стручниот штаб на Јунајтед, кога Рајан Гигс привремено го водеше тимот на „црвените ѓаволи“.