„Бомба“ во Шпанија: Лука Јовиќ наскоро се сели во Ла Лига!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец во Бундеслигата, Лука Јовиќ е голема желба на Барселона. Српскиот напаѓач сезонава постигна 14 голови, а би можел да стане нов член на Каталонците за 35 милиони евра.

Ајнтрахт Франкфурт ја активираше клаузулата за откуп на Јовиќ од Бенфика за 12 милиони евра, па сега 21-годишниот фудбалер би можел да направи нов голем трансфер.

Србинот „експлодираше“ сезонава со голем број на голови, па затоа го привлече интересот на Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Челси.

Германската екипа, наводно, била подготвена да го продаде Јовиќ на лето, зашто Србинот ја расипал атмосферата во соблекувалната.