Харден го предводеше Хјустон до нов триумф, Дончиќ со уште еден одличен настап


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во меч меѓу две екипи со очајна форма Кливленд кавалирс ја прекинаа црната серија и го совладаа Њујорк никс со 107-104.

Колин Секстон го предводеше Кливленд до триумф со 20 поени, додека кај Њујорк најдобар беше Кадим Аленс со 25 поени.

Џејмс Харден го предводеше Хјустон до нова победа, а Рокетс овој пат беа подобри од Далас со 120-104. Харден постигна 31 поен, додека кај Далас најдобар беше Лука Дончиќ со 21 поен, осум асистенции и десет скокови.

Останати резултати:

Детроит – Вашинтгон 121-112
Индијана – Шарлот 99-90
Торонто – Бруклин 127-125
Чикаго – Милвоки 99-112
Минесота – Лос Анџелес Клиперс 130-120
Оклахома – Портланд 120-111
Денвер – Мајами 103-87