Торо Росо го претстави одличниот болид за новата сезона (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Торо Росо вчера го престави одличниот болид „СТР14“, со кој ќе се натпреварува во претстојната сезона во Формула 1.

На претставувањето на болидот, управата соопшти дека многу му должи на „постариот брат“ Ред Бул, бидејќи правилата дозволуваат екипите да купуваат делови од ривалите.

За Торо Росо во новата сезона ќе возач Данил Квајт од Русина и Александар Албон од Тајланд.

Торо Росо е една од најмалите екипи во шампионатот и се надеваат дека ќе постигнат солидни резултати, со кои ќе може да се пофалат на крајот.

„Одлично е чувството да се вратите, тоа покажува дека никогаш не треба да се губи надеж. Не сакам да кажам дека сум се променил. Знам дека имаше многу шпекулации, но јас сакам да зборувам само за патеката“, кажа Квајт.

 

View this post on Instagram

 

Introducing the STR14! ??⁣ ⁣ #F1 #ToroRosso #Honda #STR14 #RedBull #Motorsport

A post shared by Scuderia Toro Rosso (@tororosso) on