Блокотехна се засили со искусен Србин

Блокотехна игра фантастично сезонава, па тие посакуваат трофеј во Купот пред својата публика и затоа решија да се засилат со искусен српски интернационалец.

Нов кошаркар на екипата од Гевгелија е Божо Џумиќ, кој треба набрзо да пристигне во екипата и да има неколку тренинзи.

Џумиќ во својата кариера има настапувано за многу екипи, меѓу кои ФМП, Партизан, како и во словенечки Хелиос.

Advertisements