Алонсо, нема да може вака: Што правеше пред првиот гол на Сити? (ВИДЕО)

Челси беше нокаутиран и посрамотен на „Итихад“ од Манчестер сити со 0-6, а тоа предизвика жестоки критики кај навивачите, кои посочија неколку поединци виновни за убедливиот пораз.

Навивачите на Челси ги критикуваа Маркос Алонсо, Давид Луиз, Жоржињо и тренерот Маурицио Сари, а очигледно многу му замерија на левиот бек.

Алонсо беше катастрофално позициониран при првиот погодок, зашто не го чуваше својот фудбалер, туку замина во средината на теренот и така отвори простор за „граѓаните“, кои го постигнаа првиот погодок.

Advertisements