Азар сè поблиску до Мадрид: Реал ја испраќа најголемата ѕвезда во Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Челси, Еден Азар на крајот на сезоната речиси сигурно ќе го напушти Лондон и ќе се пресели во Реал Мадрид, кој е подготвен да понуди фантастичен фудбалер за возврат.

Азар веќе неколку сезони е најдобар фудбалер на лондонскиот клуб, но очигледно пристигна времето за разделба. Белгиецот не крие дека желба му е да игра за „кралевите“, а пред неколку дена тоа го потврди и неговиот поранешен соиграч Цеск Фабрегас.

Реал, наводно, планира да го понуди за возврат Герет Бејл, а исто така Челси би добил дополнителни 50 милиони евра.

Ова би требало да биде примамлива понуда за „сините“, кои на крајот и би можеле да ја прифатат, доколку Азар не се согласи да го продолжи договорот во брзо време.