Бејл никогаш не се гледал во Реал: Марсело вели, со него комуницираме со гестикулации…


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Герет Бејл во 2013. година премина од Тотенхем во Реал Мадрид, но се чини дека ниту по шест години не се потруди да го научи шпанскиот јазик.

Неговиот соиграч Марсело за шпанса Марка, даде интервју во кое досега до многу работи, помеѓу останатото истакна дека Бејл и натаму зборува само англиски.

„Немам никој покрај себе. Тука е Бејл, но Бејл зборува само англиски, со него комуницираме со гестикулации, еднствено што разбира се поздрави и добро вино“, истакна Марсело.

Оваа вест доаѓа со се поголемата загриженост околу иднината на Бејл во Мадрид, а Велшанинот вели дека е среќен во Реал иако навивачите се незадоволни со неговата игра.

Герет Бејл неодамна го постигна својот 100. погодок за Реал Мадрид, но неговата иднина е неизвесна бидејќи се уште не ја пополнил празнината која остана откако Роналдо премина во редовите на Јувентус.

Како што се наведува, шпанските медиуми тврдат дека способноста на Бејл не се вклопува добро со остатокот на екипата и затоа не можат да најдат заеднички јазик на теренот.

Се споменуваше и дека би можел да се врати во Премиер лигата, а Манчестдер Јунајтед според наводите на некои медиуми е заинтересиран да го донесе во своите редови.