Рамос е подготвен да одбележи навистина голема бројка во дресот на Реал…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Утре е јубилеен ден за Серхио Рамос.

Фудбалерот на Реал Мадрид речиси е сигурно дека ќе ги поведе своите соиграчи во нов предизвик, играат против Ајакс во рамки на осминафиналето во Лигата на шампионите, а за него натпреварот ќе биде од особено значење.

Можеби и не поради квалитетот на противникот или поради важноста на мечот, колку поради бројките кои ги достигна.

Серхио Рамос утре од 21 часот ќе запише уште една рецка, со оглед на тоа дека ќе игра за Реал Мадрид по 600. пат.

Колку е далеку од врвот?

Раул е прв со 741 меч за Реал, следува Касиљас со 725, Санчиз со 710, Сантилјан со 645, Генто и Јеро имаат по 601, а Рамос 599.