Дортмунд во големи проблеми: Против Тотенхем значително ослабени…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд ќе игра без четворица фудбалери во мечот против Тотенхем.

Според информациите на германските медиуми, Борусија Дортмунд во утрешниот меч против Тотенхем ќе биде без неколку важни играчи.

Се знаеше за Марко Ројс, еден од најдобрите и најпочитуваните фудбалери на овој тим дека е повреден и се поставува големо прашање дали ќе биде во составот за реванш мечот против Тотенхем.

Сепак, покрај него во авионот за Лондон не се најдоа ниту Јулијан Вајгл, Пако Алкасер и Лукаш Пишчек.

Голем проблем за Борусија, се работи за играчи кои се во сосема солидна форма во овој момент и кои ќе значат доста за екипата до Борусија Дортмунд.