Арбелоа: Ги одбројувам деновите кога Меси ќе оди во пензија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа призна дека не ужива премногу во игрите на Меси.

Тој неколку сезони го носеше Кралскиот дрес, а тоа беше време кога Меси најмногу ја „тероризираше“ одбраната на овој клуб. Иако шпанскиот дефанзивец ја заврши кариерата, призна дека и денес не сака да ги гледа натпреварите на Меси.

Тој порача дека едноставно едвај чека фудбалерот на Барса да се пензионира и дека ги одбројува деновите тоа да се случи.

„Знаеме колку добар играч е Меси, но никогаш нема да уживам во неговите натпревари. Се надевам дека брзо ќе се опрости и искрено ги одбројувам деновите кога ќе отиде во пензија. Не сум човек кој ја мрази Барса, туку тоа го посакувам поради Реал Мадрид“, изјави Арбелоа.