Гигантот од Мадрид заинтересиран за Ричарлисон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„АС“ пренесува дека од Атлетико Мадрид ја разгледуваат ситуацијата околу фудбалерот на Евертон, Ричарлисон.

Ричарлисон го привлече вниманието уште кога го носеше дресот на Вотфорд, а по трансферот во Евертон продолжи со одличните настапи.

Сепак, лошите резултати на „Карамелите“ би можеле да доведат до заминување на Бразилецот за кого има сериозен интерес од неколку клубови.

Наводно, Атлетико Мадрид е првиот кој и официјално стапил во контакт со претставниците на фудбалерот за да ја разгледа ситуацијата дали може да го ангажира во летниот преоден рок.