Федерер со повик ја шокираше Вон: „Мислев на тебе…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Линдзи Вон крајот на кариерата го означи со трка во спуст на Светското првенство во Оре. Американката го освои третото место. Со ова постави уште еден рекорд, бидејќи стана единствена скијачка која има освоено медал на шест светски првенства.

По завршувањето на трката, Вон имаше низа активности со медиумите, а ја чекапе и екипа на РТС (Radio Television Suisse), која за неа имаше снимена порака од Роџер Федерер.

Во момент кога го зема мобилниот во рака и сфати за кој се работи, скијачката беше многу воодушевена  врескаше од среќа.

„Чао Линдзи тоа сум јас. Ти честитам на одличната кариера. Мислев на тебе и те гледав. Го видов и твојот пад пред неколку дена, баш ми беше жал. Ја гледав трката со своите деца и навиват за тебе. Секоја чест, треба да бидеш горда на себа. Чувај се“, и порача Федерер.

Кога малку се прибра, Вон му одговори:

„Роџер, доаѓам на Вимболдон и ја очекувам твојата добра форма. Се надевам дека ќе ги запознаам и твоите деца. Тоа ќе биде слатко. Ве сакам, фала“.

Американката никогаш не криела дека е голем љубител на тенисот и дека сака да го запознае Федерер.