Скандал во Грција: Олимпијакос го напушти паркетот поради, првиот човек на ПАО им остави гаќички на клупата(Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полуфиналниот натпревар од Купот на Грција помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос е завршен на полувремето.

Причината за тоа е затоа што гостите од Пиреја одлучија да не се вратат на паркетот во салата  „ОАКА“ поради катастрофалното судење.

ПАО на полувреме водеше со 40:25, а Олимпијакос во првите 28 секунди имаше веќе три лични грешки. Панатинаикос во финалето ќе се бори со тимот на ПАОК кој претходно го совлада Кимин со 72:61.

Олимпијакос со сигурност ќе заработи казна,а  генералниот менаџер на црвено белите, Христос Ставриопулос истакна: „Згрозени сме. Не може да учествуваме во оваа фарса и веќе не можеме тоа да го поднесуваме.“

Првиот човек на Панатнаикос пак во знак на револт остави црвени гаќички на клупата на Олимпијакос и истакна дека тоа што го сториле било испланирано.

„Тоа веќе беше испланирано. Изгледа не може да ги платат своите играчи, па го фрлија пешкирот и рекоа дека судиите не ги сааат“- истакна Јанакопулос.