Рамос: Не е лошо кога ќе постигнете два гола на гости


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос смета дека неговиот тим многу добро ја прочитал играта на Ајакс во синоќешниот натпревар.

Да потсетиме, Кралевите победија на гости против Ајакс со 2-1 во првата средба од осмина финалето во ЛШ, а еден од оние кои одиграа добра партија беше токму Рамос.

Тој после мечот помеѓу останатото прокоментира дека не е лошо да се постигнат два гола на гости.

„Многу не притискаа, но успеавме да им го промениме начинот на игра и најдовме начин да им ја преместиме линијата. Добро делувавме тимски и постигнавме два гола, што секако не е лошо. Треба да знаете како да ја читате играта во ваквите натпревари, а тоа го одработивме како што треба“, изјави Рамос.

Неговиот тимски колега Куртоа повика на внимателност.

„Ајакс вечерва беше многу добар и убеден сум дека и во Мадрид ќе биде незгоден“, прокоментира Куртоа.