Реал Мадрид го посакувал Венгер: Французинот дал неочекуван одговор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот стручњак Арсен Венгер после раскинувањето на договорот со Арсенал сеуште е без ангажман.

Тој долги години ја предводеше клупата на Топџиите, а од самото заминување од овој клуб се поврзува со голем број на клубови.

Така се шпекулираше дека ќе седне на клупата на Реал Мадрид кој пружеше лоши резултати во изминатиот период, а гостувајќи во емисија на Bein Sports, јасно изјави дека ја одбил понудата на Реал.

„Реал Мадрид ги одбив неколку пати и сега морам да кажам дека тоа е завршена работа за мене. Доколку го прашае било кој тренер, секој ќе ви рече дека е заинтересиран, бидејќи тоа е еден од најголемите клубови во светот“, јасен беше Венгер.

Венгер помина 22 години во Арсенал, а разделбата не му падна тешко, со обзир на тоа дека инкасираше 17.1 милион отпремнина.