Ајзеа Томас по 11 месеци се врати на паркетот и доби големи овации (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најнискиот активен НБА-кошаркар Ајзеа Томас се врати на НБА-паркетот во победата на Денвер нагетс против Сакраменто кингс од 120-118.

Томас при влегувањето во игра доби големи овации од „Пепси Центарот“, а во победата постигна осум поени и две асистенции.

„Бог е многу добар! Човеку, тоа беше навистина добро чувство… маратонот продолжува“, напиша Томас по мечот.

Инаку, Томас на големата сцена се проби во дресот на Сакраменто кингс, а најславните денови ги помина како член на Бостон селтикс.

Во текот на кариерата има двапати настапувано на Олстар мечот и еднаш беше избран во вториот најдобар тим на сезоната.