Стоилов: Свесни сме за квалитетот на Веспрем, но ќе ги пречекаме подготовени!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар во 12. коло од Лигата на шампиони во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува унгарскиот гигант Веспрем, кој е еден од главните конкуренти на македонската екипа за освојување на второто место во групата.

Капитенот Стојанче Стоилов пред дуелот кажа дека влегуваат подготвени и дека се свесни за квалитетот на нивниот следен противник.

„Ние славевме против Рајн-Некар, но тоа не мора да значи ништо. Свесни сме за квалитетот на Веспрем, кој е одличен тим и тоа е за нас голем предизвик, но сепак подготвени сме за наредниот меч“, кажа Стоилов.

Тренерот на „црвено-црните“, Роберто Гарсија Парондо кажа дека Веспрем иима огромен квалитет, па затоа ќе мора да бидат фокусирани во текот на целиот меч.

„Веспрем е квалитетна екипа и ние мора да одиграме добро во текот на целиот меч. Само така би можеле да извлечеме позитивен резултат против унгарската екипа“, кажа Парондо.