Куртоа се надева дека Азар ќе му се приклучи во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тибо Куртоа се надева дека неговиот пријател од репрезентацијата на Белгија и некогашен соиграч од Челси, Еден Азар ќе му се приклучи во Реал Мадрид ова лето.

Договорот на Азар со Челси истекува во 2020 година што значи дека на стартот на летниот преоден рок ќе влезе во својата последна сезона на „Стемфорд Бриџ“.

Брзоногиот фудбалер во неколку наврати истакнуваше дека би сакал да се пресели во Реал Мадрид, а ваков трансфер беше блиску до реализација и минатото лето.

„Секако дека ќе биде убаво доколку Азар се приклучи на Реал, но не можам да кажам многу за тоа. Тоа е нешто кое ќе го реши самиот играч, а и во Мадрид треба да одлучат дали го сакаат него“- заклучи Куртоа.

Неодамна Азар изјави дека веќе ја донел одлуката каде ќе ја продолжи кариерата, но дека се уште нема да ја соопшти.