БАТЕ Борисов го шокираше Арсенал, минимална победа за Интер (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на БАТЕ Борисов го приреди најголемото изненадување во вечерашните први натпревари од 1/16 финалето од Лигата на Европа откако со 1:0 го совлада големиот фаворит Арсенал.

„Топчиите“ настапија со доста силен состав, но не најдоа решение за противничкиот тим па на возвратната средба на „Емирати“ ќе мора да бркаат победа од два гола разлика за да се пласираат во следната фаза.

Единствениот гол на средбата го постигна Драгун во самиот финиш од првото полувреме. Арсенал нема да може да смета на Александер Лаказет за реванш средбата затоа што Французинот заработи директен црвен картон во финишот на натпреварот.

Тимот на Интер стигна до минимална победа на гостувањето во Виена кај Рапид. „Нероазурите“ со предност од 1:0 се враќаат во Милано, а единствениот погодок на средбата го постигна Лаутаро Мартинез од белата точка.

Одличен натпревар со шест погодоци одиграа Рен и Бетис, а на крајот резултатот на семафорот гласеше, 3:3. Со ова шпанскиот тим ќе биде благ фаворит во пресрет на реванш средбата која ќе се игра во Бетис.

Резултати

БАТЕ- Арсенал 1:0

Галатасарај- Бенфика 1:2

Красондар- Б. Леверкузен 0:0

Лацио- Севилја 0:1

Олимпијакос- Динамо Киев 2:2

Рапид Виена- Интер 0:1

Рен- Реал Бетис 3:3

Славија Прага- Ген 0:0