Челси со минимална предност се враќа од Шведска, Плзен направи пресврт и славеше против Динамо Загреб (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Челси сосема очекувано славеше на гостувањето во Шведска кај тимот на Малме.

Избраниците на Маурисио Сари извојуваа победа од 2:1 на теренот во Шведска и со тоа си го трасираа патот кон следната фаза во Лигата на Европа.

Рос Баркли и Оливие Жиру ги постигнаа првите два гола на средбата, додека поразот на Малме го ублажи Кристијансен со гол во 80. минута.

Динамо Загреб претрпе пораз на гостувањето во Плзен кај Виторија иако на полувреме имаше предност од 1:0. Дани Олмо го отвори резултатот пред крајот на првиот дел, но во второто полувреме следеше целосен пресврт откако чешкиот клуб со двата погодоци на Перница стигна до посакуваната победа. Адеми ги одигра сите 90 минути на овој натпревар.

Стефан Ристовски и Спортинг загубија од Вилјареал со 0:1, додека  Наполи со 3:1 славеше на гостувањето во Цирих.

Резултати

Селтик- Валенсија 0:2

Бриж- Салцбург 2:1

Малме- Челси 1:2

Плзен- Динамо Загреб 2:1

Шахтјор- Ајнтрахт 2:2

Спортинг- Вилјареал 0:1

Цирих- Наполи 1:3