Азар се соочи со голема непријатност: Навивач го „нападна“ по мечот со Малме (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Челси, Еден Азар се соочи со непријатна ситуација во текот на мечот меѓу Малмо и Челси (1-2), а по средбата мораше да добие помош од редарите.

Еден од навивачите на малку поагресивен начин му пријде на Азар, го изненади и се обиде на секаков начин да го добие неговиот дрес.

Реагираа неколку редари, но Азар потоа објасни дека ситуацијата била помирна, отколку што изгледала.

„Тоа не беше инцидент. Само ме прашуваше за мојот дрес“, кажа Азар.

Инаку, средбата ќе им послужи на „сините“ да си ја вратат самодовербата, откако беа декласирани од Манчестер сити со 0-6.