Нема запирање за него: Вестбрук испиша историја во НБА (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Оклахома сити тандер, Расел Вестбрук постигна уште еден трипл-дабл синоќа во поразот на неговиот тим од Њу Орлеанс со 122-131.

За 39 минути поминати на паркетот Вестбрук стигна до 11. трипл-дабл по ред во НБА-лигата. Имаше 44 поени, 14 скокови и 12 асистенции, па така го премина легендарниот Вилт Чемберлен со кој го делеше рекордот.

Исто така, Вестбрук стана најдобар стрелец на франшизата на Оклахома, а вкупно има постигнато 18.247 поени и го премина легендарниот Гери Пајтон.

Во останатите натпревари, Орландо меџик го победи Шарлот хорнетс со 127-89, а Таренс Рос беше најдобар со 21 поен во победничкиот тим.

Њујорк никс до синоќа беа најлошиот тим во НБА, но со победата против Атланта хокс со 106-91 тоа место му го оставија на Феникс санс. До триумф ги предводеше Денис Смит јуниор со 19 поени.