Барселона „пресече“: Ернесто Валверде останува тренер на Каталонците!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ќе остане кај Каталонците и наредната сезона, откако тоа го објави утрово каталонскиот гигант на социјалните мрежи.

Валверде ќе потпише договор на една година, со можност истиот да биде продолжен на уште една, па така ќе ги предводи Катлаонците и во сезоната 2019/20.

Денеска официјално ќе се потпише договорот, а Валверде ќе се појави вечерва на прес-конференција за мечот против Валјадолид.

Искусниот стратег ја задоволи управата на Каталонците со одличните резултати кои ги постигна, а и сезонава е на чекор до освојување на шпанската Ла Лига, додека лани освои двојна круна, како и Суперкуп на Шпанија.