„Тутоспорт“: Алегри добил ултиматум, подготвена му е и замена!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми утрово пишуваат дека Јувентус наскоро би можел да го промени тренерот, односно му бил подготвен отказ на Масимилијано Алегри.

„Тутоспорт“ пишува дека Алегри добил ултиматум и доколку не го елиминира Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампиони, тогаш ќе се соочи со отказ.

Претседателот на клубот, Андреа Ањели вели дека не ја крие желбата на тренерското место да го донесе поранешниот фудбалер на Јувентус, Зинедин Зидан, кој е слободен откако го напушти Реал Мадрид.

Доколку не успее да се договори со Зидан, тогаш ќе се обиде да го убеди Јирген Клоп, кој е нереална опција затоа што Ливерпул му има подготвено нов договор.

Трета опција за „Старата дама“ е Дидие Дешам, кој го освои светското првенство во Русија заедно со репрезентацијата на Франција.